Првата група македонски граѓани кои треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје, информираше премиерот Христијан Мицкоски.
„Првата група македонски граѓани која ќе биде евакуирана денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје. Организирани се чартер-летови од Саудиска Арабија, кои ќе ги прифатат македонските граѓани што се наоѓаат во Катар и Кувајт. Очекувам тие летови да се реализираат во среда“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток.
Тој додаде дека дел од државите во регионот побарале и нивни граѓани да бидат вратени со истите летови, нагласувајќи дека државата денес се наоѓа во поинаква позиција.
„Од некогаш слабата Влада во Македонија која коленичеше за да добие 5.000 вакцини, денес сме фактор на стабилност и помагаме на државите во регионот. Тоа е разликата меѓу тие од СДСМ и ДУИ и оваа Влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.












