четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА ЕУ тврди дека има доволно резерви на нафта и гас

ЕУ тврди дека има доволно резерви на нафта и гас

45

Земјите-членки на ЕУ имаат доволно резерви на нафта и гас и покрај нарушените синџири на снабдување од војната на Блискиот Исток, објави денеска Европската комисија.

„Многу помалку сме загрижени за безбедноста на снабдувањето отколку за високите цени на енергијата“, изјави портпаролката на Европската комисија, Ана-Каиса Итконен, за новинарите во Брисел.

Таа рече дека членките на ЕУ имаат резерви на нафта или еквивалентни резерви до 90 дена и дека нема индикации за каква било вонредна состојба.

Итконен потврди дека земјите од Г7 ќе разговараат за можното ослободување на стратешките резерви на состанок подоцна во текот на денот, објави Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ