четврток, септември 10, 2026
Дома СВЕТ „Економист“: Наскоро ќе се исцрпат украинските залихи на ракети

„Економист“: Наскоро ќе се исцрпат украинските залихи на ракети

0
Фото: EPA/Maria Senovilla

Залихите на Украина од американски ракети „AIM-120“ и „AIM-9“ за авионите Ф-16, како и од пресретнувачи „PAC-3“ за системот „Патриот“, наскоро ќе бидат исцрпени, објави денеска британскиот неделник „Економист“, во услови на зголемено руско производство на ракети и беспилотни летала.

Според проценките наведени во британскиот неделник, Русија произведува околу 3.000 беспилотни летала „Геран-4“ и „Геран-5“ месечно – од кои некои можат да достигнат брзина од 600 километри на час – како и приближно 100 балистички ракети, вклучително и околу 60 ракети „Искандер-М“.

„Економист“ смета дека испораки на ракети „PAC-3“ од САД во голем обем се малку веројатни во блиска иднина.

Киев особено смета на нови испораки на француско-италијанските системи „SAMP/T“ и ракетите „Aster“.

Украина и неколку европски производители, исто така, го развиваат „Freya“ – пресретнувач со пониска цена, погоден за масовно производство, дизајниран специјално за да се намали зависноста од американските ракети „PAC-3“, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ