Најмалку четири лица се повредени откако автомобил влета во група луѓе во градот Нојштат ам Рибенберге, во близина на Хановер, објави весникот „Билд“. Полицијата отвори оган врз возилото во обид да го запре, но сторителите успеаја да побегнат.
Ниту еден од повредените не е во животозагрозувачка состојба. Инцидентот се случил непосредно пред полноќ, а некои од жртвите се здобиле со сериозни повреди. Оштетениот автомобил останал на местото на настанот, додека повредените биле пренесени во болница, пренесува „Танјуг“.
Сè уште се утврдуваат околностите на инцидентот, како и степенот на вмешаност на одговорните лица. Првичните сознанија укажуваат на тоа дека инволвираните лица се познавале меѓусебно и дека групата била конкретно цел на нападот. Сторителите – чиј точен број е непознат – сè уште не се пронајдени, а потрагата досега не даде резултати.
Оштетени биле и неколку други возила; на некои им биле исечени гумите, додека на едно му било скршено задното стакло. Полициски службеници, кои во близина вршеле рутинска сообраќајна контрола, го забележале инцидентот и отвориле оган врз возилото. На местото на настанот биле испратени полициски, противпожарни и медицински екипи, а во потрагата се вклучени и хеликоптер и полициско куче.
Областа била блокирана неколку часа за да се овозможи прибирање на форензички докази. Истрагата е во тек.












