четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Две нови сообраќајници во Расадник

Две нови сообраќајници во Расадник

119

Во тек е изградбата на две нови сообраќајници во населбата Расадник: „Новопланирана улица 2“ и „Пристапна улица 2“.

Проектот опфаќа: поставување двослоен асфалтен коловоз на површина од 1.600 квадратни метри, со нови рабници од двете страни, поплочување на 460 квадратни метри нови тротоарски површини за поголема безбедност на пешаците, како и трајно и ефикасно справување со атмосферските води преку постојните, но и изведба на нови сливници, кои ќе го штитат коловозот при обилни врнежи.

– Со овие нови 1.600 квадрати асфалтно поврзување, создаваме модерна и безбедна инфраструктура. Со правилно решавање на атмосферските води и со квалитетно изведени коловози, директно влијаеме на подигнувањето на квалитетот на живеење и обезбедуваме побрза комуникација за сите наши сограѓани – соопштија од Општина Кисела Вода.

Оттаму потенцираат дека ова е дел од нивната стратешка определба за континуирано унапредување на патната мрежа, поквалитетно сообраќајно поврзување и за повисок стандард на живеење.

 

ИЗДВОЕНИ