среда, август 12, 2026
Дома СВЕТ Два дена по силниот земјотрес во Колумбија: Потрагата по преживеани станува сè...

Два дена по силниот земјотрес во Колумбија: Потрагата по преживеани станува сè потешка, периодот од 48 до 72 дена е клучен

0
Фото: EPA/ERNESTO GUZMAN JR

Потрагата по преживеани под урнатините што ги остави зад себе силниот земјотрес во Колумбија станува сè потешка, бидејќи веќе поминаа два дена од катастрофата, а периодот од 48 часа до 72 часа е клучен за спасување на преживеаните.

Според најновите податоци, презентирани вчера од претседателот на земјата, Абелардо де ла Есприхела, земјотрес со магнитуда од 7,4 степени уби најмалку 181 лице и повреди најмалку 2.595 на запад од оваа јужноамериканска земја.

Податоците за бројот на исчезнати лица се разликуваат. Официјалните податоци, презентирани од Де Есприхела, зборуваат за најмалку 195 исчезнати лица, но базите на податоци на граѓанските организации укажуваат на многу поголема бројка – повеќе од 4.000, а таква е состојбата од утрово, односно напладне по европско време.

Земјотресот уништи не само бројни згради, туку и патишта.

Катастрофата – најголемата од ваков вид што ја погоди Колумбија во последните 10 години – ја стави на тест новата влада предводена од Де Ла Есприела. Таа се бори како да одговори на потребите на населението, обидувајќи се да обезбеди помош за ранливите заедници најпогодени од земјотресот, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ