среда, август 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Денеска се регистрирани 21 пожар на територијата на државата – ова е...

Денеска се регистрирани 21 пожар на територијата на државата – ова е рекорден број летово, потврдуваат од ЦУК

0

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска има рекорден број на пожари за ова лето. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар. – Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење. До 17 часот регистрирани се 21 активен пожар – информира директорот на ЦУК Мухамед Али.

Пожарите се активни во повеќе општини низ државата, при што гори ниска и висока вегетација, шумски површини и земјоделско земјиште.

Според извештајот на ЦУК, активни пожари има во Македонски Брод, Студеничани, Илинден, Желино, Зелениково, Кичево, Дебарца, Јагуновце, Тетово, Теарце, Гостивар, Чаир, Прилеп, Новаци, Штип, Битола, Центар Жупа, Ѓорче Петров и на повеќе локации во Скопје.

Меѓу најпогодените подрачја се селата Драгов Дол, Моране, Батинци, Чифлик, Строхијадица, Осој, Манастирско Доленци, Климештани, Копанце, Џепчиште, Пршовце, Тополчани, Маково, Врсаково и Драгош.

Пожари се евидентирани и во близина на железничката станица во населбите „Ѓорче Петров“, како и на улицата „Гоце Делчев“ во Скопје.

„Денеска имаме рекорден број пожари за ова лето. Сите надлежни служби се максимално ангажирани на терен за нивно локализирање и целосно гасење“, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Од Центарот за управување со кризи повторно апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и доследно да ги почитуваат мерките за заштита од пожари.

ИЗДВОЕНИ