среда, август 12, 2026
Дома КУЛТУРА За само две недели: Повеќе од 200 статуи на Моцарт исчезнаа од...

За само две недели: Повеќе од 200 статуи на Моцарт исчезнаа од Салцбург, уметникот што ги дизанираше се сомнева во организирана кражба

0
Фото:википедија

Повеќе од 200 златни статуетки на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт исчезнаа од неговиот роден град Салцбург, објавија денес официјални лица.

Ова ја остави изложбата посветена на 270-годишнината од неговото раѓање значително попразна.

На 15 јули, Фондацијата „Моцартеум“ претстави вкупно 320 статуетки, високи околу 50 сантиметри, на кои е прикажан Моцарт со неговото куче. Фигурите се дизајнирани од германскиот концептуален уметник Отмар Херл.

За само две недели, исчезнаа повеќе од 80 фигури, а бројот сега достигна 210.

„Најлошото нешто за еден уметник е кога неговото дело исчезнува“, изјави Херл за германската новинска агенција ДПА. Тој не верува дека статуите биле украдени од посетители, туку верува дека станува збор за „организирана кражба“.

Херл планирал да ги продаде статуите за околу 100 евра по затворањето на изложбата.

Мини-Моцартовите биле поставени не само во градината на поранешната куќа на композиторот, туку и во неговите поранешни живеалишта, како и во неколку павилјони.

Организаторите оставиле голем број резервни статуетки во случај на кражба, но немало доволно за да се компензираат вистинските загуби.

Покрај тоа, производителот на статуетките бил на одмор, па затоа не било можно брзо да се направат нови.

Изложбата сега е значително поретка поради исчезнувањето на голем број фигури и е предвидено да биде отворена до 30 август, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ