сабота, јуни 6, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Драматична снимка: Пожар го проголта покривот на Олимпискиот стадион во Рио/ВИДЕО

Драматична снимка: Пожар го проголта покривот на Олимпискиот стадион во Рио/ВИДЕО

128
screenshot X Jornal Nacional @jornalnacional

Пожар го зафати покривот на Олимпискиот велодром во Рио де Жанеиро, а пожарникарите брзо реагираа за да спречат голема катастрофа. Mузејот, како што објавија медиумите, е речиси недопрен, а патеката е безбедна. Сомнителните пожари не се нови во областа.

Голем пожар избувна рано наутро во среда на покривот на велодромот во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро, клучен објект изграден за Игрите во 2016 година, кој сега служи како главен тренинг центар за бразилските спортисти.

Густ чад се издигаше над спортскиот комплекс, а голем број пожарникари беа распоредени на местото на настанот. За среќа, никој не беше повреден во инцидентот.

ИЗДВОЕНИ