Група од 18 рудари се заробени во рудникот „Стари Трг“ во Трепча во близина на јужниот дел на Косовска Митровица поради прекин на електричната енергија, додека 22 рудари успеаја да се извлечат преку странични излези.
Веста за заробените рудари ја објави шефот на синдикатот, Ибрахим Јонузи, кој рече дека состојбата на заробените рудари засега е добра, но дека може да се влоши доколку останат подолго, пренесува РТС.
Директорот на рудникот „Стари Трг“, Шучри Садику, потврди за медиумите на албански јазик дека рударите се под земја од 1:30 часот синоќа.
„Повеќето од нив излегоа. Во моментов, 18 рудари се уште се внатре, но работиме на наоѓање алтернативно решение. Педесет рудари беа внатре“, рече Садику.
Ова не е прв пат рударите да бидат заробени под земја поради прекин на електричната енергија. На крајот на јануари оваа година, прекин на електричната енергија ја зароби втората смена рудари во рудникот Стари Трг со часови.












