Екипата на ГРК Охрид продолжува со силното екипирање за новата сезона, а најново засилување е Адама Кеита (28). Француското лево крило потпиша договор за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување и во следната година.

Тој пристигнува од АЕК Атина, а претходно дури осум сезони го носеше дресот на ПСЖ, со кој освои бројни трофеи. Тој има настапи за младинските селекции на Франција и бронза од Светското јуниорско првенство во 2017 година.

Порача дека со голема мотивација доаѓа во Македонија и дека едвај чека да ги запознае навивачите на охридскиот клуб.

ИЗДВОЕНИ