Весна Петрушевска деновиве имаше посебна причина за славење. Нејзината ќерка, Мина, наполни 22 години. По сите тешкотии низ кои поминаа двете во животот, Весна откри дека со помош на стручни лица се сменила состојба на Мина по еден лош настан во Дубаи. Беше доста критично. Помина 15 дена на апарати за дишење. Во тие тешки моменти, Весна Петрушевска минуваше низ неизвесност и страв за нејзиниот живот. По долгото лекување и напорната рехабилитација, Мина постепено се врати во секојдневието.
Затоа, од тие причини, овој роденден Мина го одбележа со многу радост. Но, не за долго. Сето тоа им го расипа некој што оставил премногу грда порака на социјалните мрежи: – Да ти цркне Мина! – напишал натрапникот, за кого тврдат дека, веројатно, поодамна е скаран со психата. Актерката без пардон јавно го објави тоа за да видат сите со колкава омраза функционираат луѓето. Не можеше да остане рамнодушна, па со доза иронија му возврати на несреќникот: – Златен тој, креативен, па храбар, па паметен, досетлив.












