четврток, јули 23, 2026
Дома СВЕТ Драма на небото над Италија: На пилотот му се слошило среде лет,...

Драма на небото над Италија: На пилотот му се слошило среде лет, авионот принудно слета во Милано

1

Патнички авион Боинг 737 Макс 8 на полската авиокомпанија „ЛОТ“, кој летал од шпанското одморалиште Палма де Мајорка до полската престолнина Варшава, бил принуден да слета во Италија поради здравствени проблеми на пилотот.

На пилотот му се слошило за време на летот, поради што екипажот вклучил аларм околу четири часот наутро по локално време. Авионот слетал половина час подоцна на аеродромот во Милано, се вели во соопштението од аеродромот, пренесува „Блу њуз“.

На земја чекале лекари, болничари, полиција и пожарникари. Според првичните извештаи, на пилотот му била укажана помош, но немало потреба од подетална медицинска интервенција. Никој не е повреден.

ИЗДВОЕНИ