четврток, јули 23, 2026
Дома СВЕТ Европа останува без вода: Екстремна суша ги уништува посевите и ги празни...

Европа останува без вода: Екстремна суша ги уништува посевите и ги празни реките

1
epa13127450 Cracked rice fields caused by prolonged drought have resulted in losses for farmers in the Aceh Besar area, Indonesia, 23 July 2026. The Aceh Meteorological Station (BMKG) has issued a public warning that most areas of Aceh Province and several other regions in Indonesia have entered the dry season, with the El Nino phenomenon expected to reach strong intensity through January 2027. EPA/HOTLI SIMANJUNTAK

Анализата покажува дека денешната суша во Западна Европа е класифицирана како „екстремна“, а во свет без климатската криза би била само „умерена“. Рекордните топлотни бранови предизвикуваат силно испарување на водата од реките, езерата, почвата и од растенијата, а нова научна студија покажа дека поради глобалното затоплување, веројатноста за вакви услови се зголемила за 80 пати во Западна Европа и за 40 пати во Источна Европа. Се проценува дека загубите на жито во Европа ќе достигнат девет милиони тони

 

Екстремната горештина, влошена од климатската криза, ја суши Европа ова лето и ја продлабочува сушата што ја зафати, покажува нова научна анализа од конзорциумот на научници „Ворлд ведер атрубушн“ (ВВА). Рекордните топлотни бранови предизвикуваат силно испарување на водата од реките, езерата, почвата и од растенијата.

Студијата, како што пишува „Гардијан“, покажа дека поради глобалното затоплување, веројатноста за вакви услови се зголемила за 80 пати во Западна Европа и за 40 пати во Источна Европа. Загадувањето со фосилни горива ја зголемило можноста за сушење на почвата за петпати на запад и за 11 пати на истокот од континентот. Иако сушите традиционално се поврзуваат со недостигот на дожд, а минатата зима во Западна Европа беше влажна, научниците истакнуваат дека климатската криза ја менува дефиницијата за суша. Високите температури станаа клучен фактор ова лето. Анализата покажува дека денешната суша во Западна Европа е класифицирана како „екстремна“, а во свет без климатската криза би била само „умерена“. Иако анализата го опфати периодот до крајот на јуни, последиците се веќе сериозни. Голем број држави воведоа итни ограничувања за користењето вода, а голем дел од јужна Англија ја забрани употребата на градинарски црева. Смртоносни пожари ги пустошат Шпанија и Франција, а земјоделството е силно погодено бидејќи почвата е меѓу најсушните досега. Се проценува дека загубите на жито во Европа ќе достигнат девет милиони тони. Франција ја очекува најлошата жетва на пченка во последните 50 години, а романските земјоделци загубија повеќе од милион хектари посеви.

Ниското ниво на водата во реките го намалува производството на хидроенергија и им го отежнува движењето на товарните бродови. Нивото на Рајна кај Лобит во Холандија падна под минимумот забележан во текот на екстремно жешкото лето 1976 година. Научниците предупредуваат дека ваквите нарушувања би можеле да доведат до пораст на цените на храната и на енергијата, што најмногу би ги погодило домаќинствата со ниски приходи. Истражувачите укажуваат на силна врска помеѓу климатската криза предизвикана од човековата активност и сè посувите европски лета.

– Сега забележуваме зголемена тенденција кон необично сушење на почвата веќе напролет, пред самиот почеток на летото. Сами го предизвикавме тоа: како што растат температурите така атмосферата станува сè повеќе „жедна“ и брзо ја извлекува влагата од реките, езерата, акумулациите и од почвата. Потоплиот воздух буквално ја вшмукува влагата од земјата – вели еден од авторите на студијата, д-р Доминик Шумахер од „ETХ Цирих“, додавајќи дека сушата во 2026 година пристигнала два месеци порано од онаа што го погоди континентот во 2022 година.

Според д-р Маријам Закарија од Империјал колеџ во Лондон, исто така еден од авторите на студијата, најмногу загрижува што веќе се случуваат овие услови при затоплување од 1,4 Целзиусови степени. Доколку глобалните емисии ги зголемат температурите до предвидените 2,8 степени, веројатноста за такво интензивно испарување би можела да се удвои.

– Без брзи и решителни намалувања на емисиите, Европа би се соочила со иднина со повторувачки топли и суви лета – вели таа.

Шефот на ОН за клима, Сајмон Стил, рече: „Сè потешките суши се јасен предупредувачки знак што не смееме да го игнорираме – нашата планета се прегрева. Додека човештвото не престане да согорува огромни количини јаглен, нафта и гас, овие брутални суши предизвикани од климата ќе стануваат потешки и поскапи, и за домаќинствата и за економиите. Решенијата, сепак, се подеднакво јасни: мора многу побрзо да преминеме на обновливи извори на енергија“.

ИЗДВОЕНИ