петок, јули 3, 2026
Дома БАЛКАН Драма на аеродромот во Сплит: Авион излета од пистата за време на...

Драма на аеродромот во Сплит: Авион излета од пистата за време на полетувањето – причината за инцидентот се уште е непозната

329
Фото:википедија

Денес на аеродромот во Сплит се случила несреќа за време на полетувањето на авион на „Кроација ерлајнс“, пишува „ДалмацијаДанас“.

Според првичните информации, авионот требало да полета, но од засега непозната причина завршил надвор од пистата, на тревната површина покрај пистата.

Лизгањето, како што дознава „ДалмацијаДанас“, се случило за време на полетувањето, поради засега непознати и непредвидени околности.

Во овој момент не е познато дали има повредени лица или дали има материјална штета на авионот.

Во тек е евакуација.

ИЗДВОЕНИ