петок, јули 3, 2026
Дома МАГАЗИН Тајната е во маринадата: Четири начини на приготвување што го претвораат пилешкото...

Тајната е во маринадата: Четири начини на приготвување што го претвораат пилешкото во врвен оброк

52
Фото:википедија

Маринирањето пилешко е еден од најлесните начини да го направите месото посочно, поароматично и повкусно, без многу труд и компликации. Овие четири едноставни и вкусни маринади кои се подготвуваат брзо и лесно се вклопуваат во секојдневното готвење, но и во пикниците и викенд дружењата во природа. Најголемиот проблем ќе ви биде за кој начин да се одлучите.

Целиот процес е многу практичен – пилешкото се става во кеса за замрзнување со патент, се додаваат сите состојки за избраната маринада, а потоа кесата добро се протресува и се меша за рамномерно да се премачка пилешкото со зачини. Пилешкото подготвено на овој начин може да отстои во фрижидер неколку часа или преку ноќ, или може да се замрзне за подоцнежна употреба, објавува Index.hr.

Четири вкусни маринади

Првата маринада комбинира мед, лук, маслиново масло и сечкан млад кромид. Резултатот е малку слатко и ароматично пилешко со убав баланс на вкусови.

Втората маринада е посвежа и полесна – се состои од маслиново масло, сок од лимон и зачини по ваш избор, со неколку парчиња лимон за дополнителен цитрусен вкус.

Третата верзија е пилешко во грчки стил. Содржи грчки јогурт, маслиново масло, сок од лимон, црвен кромид, билки и зачини по желба. Оваа маринада дава особено сочно, нежно пилешко со богат вкус.

Четвртата маринада комбинира балсамико оцет, маслиново масло, босилек, чери домати и зачини по желба. Резултатот е ароматично и малку кисело пилешко со медитерански карактер.

Сите маринади се лесни за подготовка и идеални за брзо планирање оброци однапред – запишете ги овие комбинации за следниот пат кога ќе подготвувате пилешко – без разлика дали во тава, рерна или скара.

ИЗДВОЕНИ