недела, ноември 22, 2026
Дома БАЛКАН „Ер Србија“ ги откажа утрешните летови меѓу Белград и Брисел поради најавен...

„Ер Србија“ ги откажа утрешните летови меѓу Белград и Брисел поради најавен штрајк на аеродромот во Белгија

0

Националната авиокомпанија „Ер Србија“ соопшти дека летот меѓу Белград и Брисел, закажан за понеделник, 23 ноември, е откажан поради најавен штрајк на аеродромот во Брисел, за кој се очекува да го попречи редовниот воздушен сообраќај и аеродромските услуги.

Одлуката е донесена врз основа на официјални оперативни информации и тековни аеронаутички известувања, со цел да им се овозможи на патниците навремено да го испланираат своето патување и би го намалила влијаниеѕо на околностите под контола на авиокомпанијата, се наведува во соопштението/

Од Ер Србија истакнуваат дека ги преземаат сите расположливи мерки за влијанието на штрајкот врз патниците и редовното одвивање на сообраќајот да биде сведено на најмала можна мерка.

За дополнителни информации патиците можат да се обратат во Контакт центарот на националната авиокомпланија на бројот +381 11 311 21 23, по пат на бесплатнито број 0800 111 528 за повици од Србија, како и преку интернет страницата airserbia.com или во канцелариите на компанијата.

Инаку, поради протестите и националниот штрајк на кој повикаа сите најголеми синдикати, во Белгија во понеделник се откажани речиси сите летови. Синдикатите во соопштението протестираат поради мерките за штедење на премиерот Барт де Вевер.

ИЗДВОЕНИ