Две лица ги загубија животите денес во Германија кога мал авион се урна во Лимбургерхоф, јужно од Манхајм.
„Според досегашната истрага, двајца патници во авионот загинаа во несреќата“, изјави портпаролот на полицијата Торстен Мишлер, објави „Билд“.
Уште едно лице е повредено, објави германскиот SWR, повикувајќи се на заменик-инспекторот за заштита од пожари и катастрофи Аксел Фишер, пренесе „Танјуг“.












