Огњен Бодирога, висок функционер на Српската демократска партија (СДС) и шеф на пратеничката група на партијата во Народното собрание на Република Српска (РС), изјави дека со РС отсега ќе раководат близок соработник и синот на лидерот на СНСД.
„Близок соработник (Саво Миниќ) како претседател на РС, а синот (Игор Додик) како премиер на РС. Навистина ’фер‘ – што друго да се каже?“ – напиша Бодирога на социјалната мрежа „Икс“.
Тој истакна дека ваквата распределба на функции е „невидена во демократските земји“.
„Не верувам дека ваков случај е забележан некаде на друго место во светот – освен можеби во Северна Кореја, а сега и во РС“, посочи Бодирога.
По консултациите со претставниците на владејачката коалиција, претседателот на РС, Саво Миниќ, денеска му го довери мандатот за составување на новата влада на ентитетот на Игор Додик, син на лидерот на СНСД, Милорад Додик, пренесе „Бета“.












