Драгица Глигорова на најубав начин го заврши денот за македонскиот кик бокс, забележа победа во четвртфиналето и обезбеди најмалку бронза на Светското првенство за јуниори во Лидо де Јесоло во Италија.

​Селекторот на македонската кик бокс репрезентација, Дејан Митровски Урко, не го криеше своето задоволство од блескавите изданија на своите избраници, кои обезбедија две финалиња, Томи Андонов и Глигор Николов, додека Петар Лозановски останува со бронзен медал, а Драгица Глигорова се пласира во полуфиналето и ќе се обиде бронзата да ја замени најмалку со сребро.

​„Задоволен сум од досегашниот постигнат успех на сите наши натпреварувачи. Имаме две финалиња со Томи Андонов против Србин и Глигор Николов против Азербејџанец. Две полуфиналиња со Драгица Глигорова против Италијанка и Калин Бабоски против Казахстанец. Да истакнам, за мене, неочекувани порази имаа Марија Димовска, Марко Баснарков, Туркер Исмаил и Андреј Смилевски. За жал, останаа без медали, иако беа фаворити за злато. Но, треба и среќа. Исто така, и да не те казнат судии или да не те повреди противникот. Сепак, тоа е во нашиот спорт. Одиме утре или задутре, имаме две финалиња, две полуфиналиња и една освоена бронза“, изјави селекторот Митровски.

 

ИЗДВОЕНИ