Лука Дончиќ и официјално ја доживеа најтешката повреда во кариерата. Анализите покажаа дека степенот на исцрпеност на мускулите на левата нога е многу висок. Затоа, една од најголемите НБА ѕвезди ќе мора да паузира најмалку еден месец.
Првата виолина на Далас Маверикс се повреди за време на божиќниот натпревар со Минесота Тимбервулфс, во навидум неопасна ситуација.
Далас во наредниот месец ќе одигра 17 натпревари, што значи дека Дончиќ првпат во кариерата ќе одигра помалку од 65 натпревари во една сезона (не сметајќи ја сезоната 2019/2020, која беше скратена поради пандемијата на коронавирус).
Поради ова, Словенецот нема да биде во конкуренција за МВП наградата, каде што беше меѓу фаворитите во претходниот дел од сезоната.
Дончиќ на 22 натпревари имаше просек од 28,1 поен со 8,3 скока и 7,8 асистенции.