вторник, јуни 16, 2026
Дома СПОРТ Доналд Трамп е алфа и омега на Светското првенство

Доналд Трамп е алфа и омега на Светското првенство

0
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да има една од главните улоги на церемонијата по финалето на Светското првенство, откако добил дозвола лично да им го врачи трофејот на новите светски шампиони.

Според британските медиуми, на Трамп веќе му било соопштено дека ФИФА сака токму тој да го предаде највредниот трофеј во светскиот фудбал на победничкиот капитен.

Дополнително, американскиот претседател ќе има можност сам да одлучи дали по доделувањето ќе остане на подиумот за време на прославата или ќе им се придружи на останатите официјални претставници.

Таквиот потег отстапува од вообичаената практика на ФИФА, според која политичките лидери ретко остануваат во центарот на вниманието за време на славјето на шампионите. Сепак, како претседател на една од земјите домаќини, Трамп очигледно ќе добие посебен третман.

На церемонијата на затворање се очекува да присуствуваат и претставници од Мексико и Канада, кои заедно со САД се домаќини на турнирот.

Ова не е првпат Трамп да биде во фокусот на фудбалската јавност. Тој привлече големо внимание и за време на минатогодишното клупско Светско првенство, кога стоеше покрај капитенот на Челзи, Рис Џејмс, во моментот кога англискиот тим го подигна шампионскиот трофеј.

Извори блиски до Белата куќа тврдат дека Трамп е расположен повторно да биде дел од прославата на теренот, доколку неговиот распоред и протоколот го дозволат тоа.

Доколку навистина остане на подиумот за време на славјето, финалето на Светското првенство би можело да донесе една од најневообичаените сцени во историјата на турнирот, со американскиот претседател рамо до рамо со новите светски шампиони додека го прославуваат најголемиот успех во фудбалот.

ИЗДВОЕНИ