Меѓународно референтата нафта „Брент“ се движеже од околу 78,5 долари за барел, а американската сурова нафта ВТИ се приближи до нивото на околу 75,5 долари за барел.
Падот на цените практично го поништи најголемиот дел од растот забележан во текот на неодамнешните судири на Блискиот Исток, по што на пазарот се очекјува скоро обновување на извозот од земјите во Персискиот залив.
Според наодите на медиумите, Вашингтон и Техеран планираат во петок да потпишат меморандум за разбирање со кој би им се овозможил пристап на танкерите низ Ормускиот тенсец, една од најважните светски рути за транспорт на нафта.
Аналитичарите оценуваат дека дополнителни количини нафта од регионот, заедно со зголемени извозни квоти на групата ОКЕПК плус и раст на произоводство на Обединетите Арапски Емирати, би можеле значајно да ја зголемат понудата на глобалниот пазар.
Дополнителниот притисок на цената доаѓа и поради очекувањата Иран да ја зголеми испораката за Кина, најголемиот светски увозник на нафта, чии залихи во последните месеци се намалени, пренесува „Танјуг“.
Истовремено, американските стратешки резерви на нафта се наоѓаат на најниско ниво во последните 43 години, што дополнително го привлекува вниманието на инвеститорите и на енергетските компани..
Трговците сега проценуваат дека стабилизацијата на околностите на Блискиот Исток би можела да доведе до продолжување на падот на цените на нафтата доколку најавениот договор меѓу САД и Иран навистина се реализира.












