УФЦ ќе се врати во Париз на 5 септември, а главната борба на вечерта ќе ја предводат дебитантот Саладин Парнас и искусниот Ден Хукер. Дуелот беше официјално потврден за време на УФЦ настанот 282 и ќе го означи првиот настап на еден од најдобрите европски ММА борци во најсилната светска промоција.

Во пресрет на настанот, Хукер откри дека добил бројни смртни закани од француски навивачи, нешто што, како што вели, никогаш претходно не му се случило.

  • Добив многу закани со смрт и мислам дека тоа навистина ја премина границата. Такви пораки не добивав кога се борев со Беноа Сен Дени. Сега Французи ми пишуваат на нивниот јазик дека ќе умрам и дека ќе ме убијат. Мислам дека отидоа предалеку. Можеби затоа што Беноа е почитуван човек, а неговите навивачи не се идиоти. Но, луѓето што го следат овој човек очигледно ги преминаа сите граници. Ќе биде посебно задоволство да го успијам во октагонот, изјави Новозеланѓанецот.

Хукер е еден од најискусните борци во лесна категорија. Во професионалната кариера има 38 борби, од кои дури 24 во УФЦ, со биланс од 14 победи и 10 порази во организацијата. Иако никогаш не стигна до шампионскиот појас, со години важи за еден од најнезгодните противници во дивизијата и честопати бил вистински тест за новите претенденти.

Од друга страна, Парнас има скор од 23 победи и два пораза и ќе дебитира во УФЦ токму пред домашната публика. Победа над борец од калибарот на Хукер би можела веднаш да го вметне Французинот во конкуренција за највисоките позиции во лесната категорија.

Очекувањата се атмосферата во Париз да биде спектакуларна, бидејќи француските навивачи се познати по жестоката поддршка за своите борци. Сепак, изјавите на Хукер покажуваат дека страста на дел од фановите, барем на социјалните мрежи, ја преминала границата на спортското ривалство.

ИЗДВОЕНИ