Дванаесетгодишно момче од Србија беше извлечено во несвест од морето во Ханиоти. Откако спасувачите успешно го реанимираа, момчето беше префрлено во болница во Солун.
На момчето му е укажана прва помош од страна на спасувачите кои, откако го извлекле од морето, успешно извршиле реанимација.
Потоа момчето е префрлено во здравствен центар во Касандра каде, по стабилизирањето на состојбата, е упатено на понатамошно лекување во болница во Солун.
Болницата во Солун соопшти дека здравствената состојба на момчето е добра и дека се лекува во детска болница, пренесува „Танјуг“.












