среда, јули 29, 2026
Дома БАЛКАН Вооружен инцидент во Башчаршија во Сараево- маскиран маж пукал во бар

Вооружен инцидент во Башчаршија во Сараево- маскиран маж пукал во бар

105
Фото:википедија

Вечерва околу 19 часот и 25 минути се случи пукање во сараевската Башчаршија, во улицата „Кундурџилук“. Според првичните информации, маж со фантомка и ракавици испукал повеќе куршуми во еден угостителки објект, но во нападот не е никој повреден. Случај ги вознемири бројните граѓани и туристи“, пишува „Аваз“.

Мета на нападот бил наргиле-бар, кој се опишува како популарно собиралиште на младите во самиот центар на градот. Во моментот на пукањето во локалот и на улицата се наоѓале голем број гости, минувачи и туристи.

Улицата „Кудурџилук“ е затворена за сообраќај, а полициските сили го обезбедуваат местото на инцидентот. Во тек е истрага со цел да се утврсат околностите за нападот, а повеќе детали ќе бидат познати кога ќе биде завршена.

 

ИЗДВОЕНИ