Екипата на Баерн Минхен го победи Фенербахче на домашен терен со 85:76, во Евролигата, благодарение на македонскиот повремен репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

Германскиот тим славеше поради феноменалната прва четвртина, која ја доби со 25:12, а најефикасен во неговите редови беше нашиот интернационалец, кој го заврши мечот со 22 поени за нешто повеќе од 21 минута мината на теренот. Тој придодаде и три асистенции и еден скок. На спротивната страна, прво име беше Тарик Биберовиќ, со еден кош помалку во однос на Димитријевиќ.

ИЗДВОЕНИ