недела, јуни 7, 2026
Дома СКОПСКА „Џез за деца“ во паркот „Шопен“ 

„Џез за деца“ во паркот „Шопен“ 

61

Националниот џез оркестар, во партнерство со Општина Кисела Вода, на 29 април го започнува големиот десетгодишен јубилеј на фестивалот „Today it’s all about jazz“. Првиот фестивалски ден е посветен на најмладите и ќе се реализира во паркот „Фредерик Шопен“, во Кисела Вода, со почеток во 12:00 часот.

Настанот насловен „Jazz for kids“ („Џез за деца“) претставува едукативна и интерактивна работилница преку која учениците од локалните основни училишта и сите заинтересирани дечиња ќе имаат можност да се запознаат со џез музиката. Преку интеракција и импровизација, најмладите ќе можат го откријат светот на џезот, како уметничка форма која УНЕСКО ја препознава како моќен симбол на слободата, дијалогот и заедништвото. 

Општина Кисела Вода, како домаќин и соработник, со гордост го поддржува овој настан кој го става фокусот на културната наобразба на новите генерации, вклучувајќи го Скопје во глобалната мрежа од над 190 земји кои го слават овој музички правец.

Работилницата е од отворен карактер и влезот е бесплатен за сите посетители.

Од Општина Кисела Вода ги покануваат децата да се придружат во паркот „Шопен“ на оваа уникатна музичка дружба.

ИЗДВОЕНИ