Дел од оригиналните скалишта на Ајфеловата кула ќе бидат понудени на аукција од страна на одделот за арт деко на „Арткуриал“ во Париз на 21 мај, а се очекува да достигне цена помеѓу 120.000 и 150.000 евра.
Делот број еден од оригиналното спирално скалиште ги поврзувал вториот и третиот кат на кулата кога била отворена во 1889 година. Изработено е од челик и закован лим и се состои од 14 скалила што лежат на крстовидна основа, а е високо 2,75 метри и има дијаметар од 1,75 метри.
Скалите биле во употреба до 1983 година, кога обележјето било подложено на голем ремонт, а делови од скалите биле демонтирани и заменети со лифтови.
Приватна колекција
Огласот на веб-страницата на Artkurial не го именува сопственикот, само наведува дека делото останало во истата приватна колекција „повеќе од 40 години“ откако било демонтирано во 1983 година.
Скалите биле во употреба до 1983 година, кога обележјето претрпело голем ремонт, а делови од скалите биле демонтирани и заменети со лифтови.
„Никогаш не е изложено, а за продажба е реставрирано целосно“, рече помошничката директорка на Artkurial, Сабрина Дола.
Дола го опиша делот со скалите како „повеќе од само дел од историјата“.
„Тоа е импресивно искуство, стационарно патување низ времето и просторот. Замислете се себеси во 1889 година на ова скалиште, сместено помеѓу 113 и 276 метри високо, без безбедносни огради, но со поглед од 360 степени на Париз“, рече таа.
Дваесет делови од скалиштето беа продадени во 1983 година, а повеќето од нив сè уште се во сопственост на оригиналните купувачи.
Во Франција, делови може да се најдат во два париски музеи – Орсеј и Музејот на науката – како и во Музејот на историјата на железото во источна Франција.
Некои од деловите од скалиштето се изложени во градините на Фондацијата Јоиши во Јаманаши, Јапонија, а други се изложени во близина на Статуата на слободата во Њујорк.
„Арткуриал“ претходно продаваше парчиња што привлекоа голем интерес од наддавачите, а највредното беше парчето 13, кое се продаде за 523.800 евра во 2016 година.
Откако се отвори Ајфеловата кула, околу 300 милиони луѓе ја посетија француската знаменитост, а околу седум милиони луѓе ја посетуваат секоја година.












