четврток, јуни 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА „Цените на енергенсите брзо ќе паднат“, тврдат Американците

„Цените на енергенсите брзо ќе паднат“, тврдат Американците

160

Цените на енергенсите брзо ќе паднат кога повторно ќе се отвори Ормускиот теснец, изјави директорот на Националниот економски совет на САД, Кевин Хасет.

Директорот на Националниот економски совет на САД, Кевин Хасет, изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има работа на инфлацијата, но дека очекува дека, кога Ормускиот теснец ќе биде целосно отворен за пловидба, цените на енергенсите брзо ќе паднат.

„Бродовите моментално минуваат низ него, но со околу 10 проценти од нормалната брзина. Кога ќе се вратиме на нормална брзина, тогаш очекуваме работите да се вратат во нормала“, рече Хасет.

Тој беше оптимист дека американската администрација би можела целосно да го отвори Ормускиот теснец и да дозволи проток на нафта во рок од неколку месеци.

„Имаме А-тим кој оди во Пакистан за да преговара со Иранците, а имаме и резервни планови доколку е потребно“, заклучи Хасет.

За танкерите за нафта, поминувањето низ Ормускиот теснец останува значаен ризик, со оглед на тоа што Иран сè уште не го отворил целосно.

ИЗДВОЕНИ