четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Дебар Маало и Автокоманда блескаат во духот на Велигден

Дебар Маало и Автокоманда блескаат во духот на Велигден

135

Дел од скопските општини веќе се подготвени за одбележување и прославување на најголемиот христијански празник, Велигден.

Одредени делови се претпразнично украсени со фигури што го симболизираат празникот.

Во Дебар Маало може да се видат фигури на јајца, кошници, зајаци.

– Со оваа празнична декорација сакавме да создадеме топла атмосфера за сите – за децата, за семејствата, за секој што ќе помине по овие улици. Верувам дека малите нешта носат најголема радост – наведе градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посакувајќи им на граѓаните убави и мирни празници исполнети со љубов.

И плоштадот во Автокоманда е обоен во велигденско руво. И таму може да се забележи големо велигденско јајце, исто така и голема кошница, околу кои љубопитно потскокнуваат децата.

– Воскресението Христово да го дочекаме со радост, среќа и бериќет во секој дом и семејство – посака градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ