четврток, октомври 22, 2026
Дома СКОПСКА  Скопскиот градоначалник на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија”

 Скопскиот градоначалник на појадок со стопанствениците од индустриска зона ,,Пинтија”

45

На иницијатива на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски,  денеска се одржа заеднички појадок со стопанствениците долж булеварот „Борис Трајковски“, вредни домаќини кои со своето разбирање и соработка дадоа значаен придонес за решавање на еден децениски проблем.

 – Заедно покажавме дека со искрен разговор, меѓусебна почит и волја, се наоѓа решение. Претходно, постигнавме договор за експропријација и овозможивме да се доврши булеварот кој цели 30 години беше синоним за застој, неизвесност и секојдневна голгота за граѓаните. Им благодарам од срце за довербата, трпението и подготвеноста да бидат дел од оваа голема промена. Зад овие стопанственици стојат години труд, многубројни вработени и семејства чија егзистенција зависи од успешното работење на нивните компании.  Нивниот придонес за Скопје е голем и наша обврска е да внимаваме на нивните потреби, да ги слушаме и да создаваме подобри услови за работа и развој. Во мене секогаш ќе имаат пријател и партнер, а во Град Скопје поддршка на која можат да се потпрат – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека по само пет месеци посветена работа, булеварот „Борис Трајковски“ е во финална фаза и дека она што со децении остануваше недовршено, се завршува пред ветениот рок до Нова година.

– За повеќе од 100.000 граѓани тоа значи безбедно движење, полесно секојдневие и достоинствено враќање дома. За стопанствениците – подобар пристап до нивните објекти и подобри услови за работа – нагласи Ѓорѓиевски.

 

 

ИЗДВОЕНИ