Извршниот директор на „Спејс-икс“, Илон Маск, изјави дека украинската војска го користела „Старлинк“ за офанзивни напади со беспилотни летала, што, според него, претставува прекршување на условите за користење на сателитскиот систем.
„Украинската војска ги прекрши условите за користење на ’Старлинк‘ и го употреби системот за офанзивни напади со беспилотни летала, со цел убивање луѓе. Таа правна дупка беше затворена минатата недела“, напиша Маск на социјалната мрежа „Икс“, додавајќи дека „Старлинк“ е наменет исклучиво за одбранбени операции.
Тој, исто така, смета дека оневозможувањето на „Старлинк“ би довело до моментален колапс на украинската линија на фронтот.
„Ова не е закана, тоа е едноставно факт“, изјави Маск.
Во исто време, тој изрази став дека „преку своите дејствија, ’Спејс-икс‘ придонесе повеќе за одбраната на Украина отколку која било друга приватна компанија во светот“.












