петок, ноември 13, 2026
Дома СКОПСКА Цветни алеи во парковите и покрај булеварите во градот

Цветни алеи во парковите и покрај булеварите во градот

1

Скопје добива нов есенски изглед преку акцијата за хортикултурно уредување што ја реализира ЈП „Паркови и зеленило“, со садење сезонски цветен расад на повеќе локации во градот.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира на „Фејсбук“ дека во рамките на активностите за есенско разубавување, уредени се цветните леи во Градскиот парк, паркот „Македонија“, покрај булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонски Центар.

– Ново цветно руво добија и препознатливите цветни фигури „Штрк“ во Општина Аеродром и „Торта“ во Општина Чаир, кои се освежени со сезонското цвеќе миозотис и хризантеми – истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека ќе продолжи уредувањето на зелените површини. Упати апел до граѓаните за заедничка грижа за јавните површини.

ИЗДВОЕНИ