Uтрово, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски ја одржавме традиционалната средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
–На денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град. Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа – истакна Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека како градоначалник, таа одговорност ја носи со длабока почит и со цврста решителност да го градиме Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот.












