сабота, октомври 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ЦУК: 11 активни пожари, три под контрола, 13 изгаснати

ЦУК: 11 активни пожари, три под контрола, 13 изгаснати

34

До 18 часот денеска во Македонија се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, три се под контрола, а 13 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во:

– Општина Студеничани: Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде гори мешана шума.
– Општина Зелениково: Добрино и Тисовица, каде е зафатена шума со даб и габер.
– Општина Сарај: село Бојане, мешана шума.
– Општина Македонски Брод: местото Видуш, кај Драгов Дол и кај Локвица, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.
– Општини Јегуновце и Сарај: пожарот кај Копанце и Туденце се проширува кон Бојане.
– Општина Прилеп: село Чаниште, со два крака – едниот кон Зовиќ, а другиот кон Крушевица.
– Општина Старо Нагоричане: село Сув Орах, каде станува збор за шумски пожар, а зафатена е и куќа.
– Општина Гостивар: село Ѓоновица, нискостеблеста вегетација.
– Општина Јегуновце: Копанце и Туденце, ниска вегетација.
– Општина Тетово: село Фалиште, ниска вегетација.
– Општина Арачиново: село Орланци, депонија.

Под контрола се пожарите во Делчево, на депонија, во Дебреште, Општина Долнени, исто така на депонија, како и во Мусници, Општина Могила, каде гори ниска вегетација.

Во текот на денот се изгаснати пожари и во повеќе општини, меѓу кои Брвеница, Кратово, Ранковце, Велес, Студеничани, Зелениково, Штип, Долнени, Ѓорче Петров, Сарај и Аеродром.

ЦУК продолжува да ја следи состојбата на терен, особено во подрачјата каде пожарите сè уште се активни.

ИЗДВОЕНИ