Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, и шефот на преговарачкиот тим на Иран, денес објавија список на барања што САД мора да ги исполнат за целосно повторно отворање на Ормускиот теснец, објави CNN. Тој постави четири барања до САД, а тоа се:
- Укинување на блокадата на САД врз иранските пристаништа
- Целосно ослободување на замрзнатите средства на Иран
- Укинување на санкциите врз иранската нафта
- Прекин на сите воени операции против Иран
Овие барања од Иран дојдоа во време кога ирански брод беше погоден од непозната ракета во Ормускиот теснец, при што загинаа најмалку едно лице. Галибаф апелираше до САД да ги спроведат сите потребни мерки на кои САД се обврзаа во рамките на Меморандумот за разбирање постигнат во јуни оваа година, кој истече во понеделник, 17 август.
Споменатиот договор имаше за цел да воспостави прекин на огнот што на крајот ќе доведе до крај на војната. Сепак, тоа не се случи, беа забележани бројни прекршувања на прекинот на огнот од двете страни, кои постојано се обвинуваа едни со други, а американскиот претседател Доналд Трамп одговори на овие барања од Иран со објава на својата социјална мрежа „Truth social“ дека Ормускиот теснец е дел од американска територија, што е нова форма на провокација за Иран.












