Пакистанскиот пилот Мухамед Зишан Али ќе помине околу една недела на кинеската вселенска станица, а неговиот лет ќе ја означи првата заедничка мисија меѓу кинески и странски астронаути.
Кинеската вселенска станица Тјангонг ќе го пречека првиот странски астронаут, како дел од мисијата „Шенџоу 24“, која е закажана да почне утре во 8:18 часот изутрина, објави Кинеската национална вселенска администрација.
Пакистанскиот пилот ќе им се придружи на кинеските астронаути Танг Хонгбу и Ву Ји во она што ќе биде прв заеднички лет на кинески и на странски астронаути во историјата на вселенската програма со екипаж на Кина, објави „Саут Чајна морнинг пост“.
Али ќе помине околу една недела на станицата како специјалист за товар, пред да се врати на Земјата со вселенскиот брод „Шенжоу 23“, заедно со двајца астронаути што го завршуваат шестмесечниот престој во орбитата.












