вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Целосно отворање на Ормускиот теснец до петок

Целосно отворање на Ормускиот теснец до петок

55
google maps

Ормускиот теснец ќе биде целосно отворен до петок, кога во Женева официјално ќе биде потпишан меморандум за разбирање меѓу САД и Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во разговор со новинарите заедно со францускиот претседател Емануел Макрон по пристигнувањето во Евиан, каде што ќе присуствува на самитот на Г7, Трамп рече дека целиот текст на меморандумот ќе биде објавен кратко по неговото потпишување, објави Ројтерс.

На прашањето од новинарите дали ќе го потпише меморандумот, Трамп рече дека веројатно веќе ќе си замине дотогаш од Евиан, кој е оддалечен околу 45 километри од Женева, или околу еден час возење, додавајќи дека на негово место ќе биде американскиот потпретседател Џ.Д. Венс.

Трамп наведе дека Иран се согласил „да нема нуклеарно оружје“.

„Тие се согласија со тоа. Се надевам дека така е. Ако не, се враќаме на почеток“, рече Трамп.

Тој додаде дека санкциите врз Иран ќе бидат укинати само ако Техеран „прави она што треба“.

„Всушност станува збор за однесување. Ако го прават она што е исправно, ќе функционира“, рече Трамп.

Тој рече дека американските трупи ќе останат во Ормускиот теснец за да „ги отстранат веќе пронајдените мини“.

ИЗДВОЕНИ