четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Чоколаден леб со урми, без шеќер: Нов хит ги освои мрежите –...

Чоколаден леб со урми, без шеќер: Нов хит ги освои мрежите – готов за половина час, идеален за со кафе или чај

692
Foto: Pexels

Овој чоколаден леб со урми, кој се прави брзо и не содржи додаден шеќер, се пече за само 30 минути.

Во последниве години, лебoт со банана практично ги освои социјалните медиуми. Лесен е за подготовка, не бара многу состојки и речиси и да нема човек кој не го направил дома барем еднаш. Сепак, сега се појави нов фаворит што многумина веќе го нарекуваат новиот банана-леб.

Чоколадниот леб ја добива својата природна сладост од урмите, а за да се направи потребни се само неколку основни состојки.

Состојки:
15 урми
250 мл млеко
150 г брашно
3 лажички какао
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка сода бикарбона
2 јајца

Подготовка:
Прво, отстранете ги семките од урмите, потоа ставете ги во сад со млекото и оставете ги околу 20 минути да омекнат. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 180 степени.

Мешајте ги омекнатите урми со млекото во блендер додека не добиете мазна смеса. Потоа префрлете ја во сад и додадете го брашното, какаото, прашокот за пециво, содата бикарбона и јајцата, и добро измешајте сè додека состојките не се соединат.

Добиената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење. Печете го колачот во рерна 30 до 35 минути, а кога ќе биде готов, оставете го да се олади околу десет минути пред да го исечете и сервирате.

ИЗДВОЕНИ