Мирјана Пајковиќ, поранешна државна секретарка и функционерка на Министерството за човекови и малцински права во Црна Гора, отвори профил на мрежата „Only fans“. Пајковиќ тоа го најави со објава од провокативно видео на Инстаграм, на кое се гледаат женски нозе во џакузи, а во позадина се слуша машки глас.

До снимката ексфункционерката напиша: „Дали се пишува нешто за политичките, државните одлуки од џакузи?“ и „ако во џакузи се слушнат тајни за безбедноста, дали остануваат тајни или можат да се споделат?“, и остави линк до „Оnly fans“.













