
Бруно Фернандеш е фудбалер кој ги брои своите последни денови во Манчестер јунајтед, но и во Англија, според медиумите од оваа земја.
Имено, Саудијците се решени да се обидат да го добијат Бруно Фернандес ова лето и по секоја цена да го доведат во својата лига, но тие не се единствените што го сакаат.
Одеднаш, Фернандеш се најде на врвот на листата на желби на исклучително амбициозните сопственици на турскиот гигант Галатасарај.
Оваа сезона, Португалецот игра во одлична форма, и постигна осум гола и додаде 18 асистенции на 30 одиграни натпревари во Премиер лигата.
Потребни му се уште три асистенции за да го сруши рекордот во една сезона во Премиер лигата, што е во сопственост на Кевин де Бруин и Тјери Анри.
Договорот на Фернандеш со Манчестер јунајтед истекува следното лето, и јасно е дека ова е последна шанса за овој клуб да профитира од неговото заминување.
Навивачите на Јунајтед се надеваат дека клупските челници ќе го убедат да остане во клубот, но Галатасарај сега сака да ги уништи сите тие планови.
Турскиот клуб сака да го доведе Фернандеш, но само ако претседателот на клубот, Дурсун Озбек, биде реизбран на претстојните избори.
Озбек најави големи промени на и надвор од теренот, а суперѕвездата на Јунајтед, Бруно Фернандес, треба да биде една од тие „промени“.
Доколку Фернандеш го прифати трансферот во Галатасарај, тој би играл таму со големи имиња како Лерој Сане и Виктор Осимен.
Озбек, освен што сака да го доведе Фернандеш, сака да промени и голем дел од раководството и директорскиот персонал, но не и главниот тренер Окан Бурук, од чија работа е многу задоволен.











