петок, јули 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Бројот на затруени во Гостивар се намалува, но останува висок, 197 новопријавени...

Бројот на затруени во Гостивар се намалува, но останува висок, 197 новопријавени случаи

14
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар. Во Здравствен дом Гостивар се регистрирани 80 нови прегледи во дежурната служба и 13 повици до Итната медицинска помош.
Водата во Гостивар и натаму е забранета за користење, а Кризниот штаб најави дека е отпочнато со хлорирање на системот.

ИЗДВОЕНИ