Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) во текот на следната седмица во Македонија ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова, особено во планинските предели повремено може да имаме малку повеќе облачност и услови за појава на слаб локален дожд, најави Славчо Попоски.
Во понеделник и во вторник (26/27 октомври) ќе дува повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието каде повремено ќе надминува брзина од 50 км/час. И во Скопје и околината следната седмица ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. И во Скопје и околината во понеделник и во вторник (26/27 октомври) ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе надминува брзина од 50 км/час.
Што се однесува до температурите, наутро тие ќе бидат ниски и ќе биде ладно со релативно зимски температури кои на многу места ќе бидат под 5 степени, а особено во Беровскиот регион како и во останатите планински и повисоки населени места тие повремено ќе се спуштаат и под нулата.
Преку денот пак температурите во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 2 и 6 степени, а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.












