Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во недела се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, по што следува стабилизирање на временските услови.
Под влијание на поле со висок воздушен притисок, од понеделник времето ќе биде стабилно, со мала облачност во текот на денот. Сепак, ќе дува северозападен ветер, кој во понеделник и вторник долж Повардарието повремено ќе биде засилен.












