сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Британците ги депортираат странските криминалци

Британците ги депортираат странските криминалци

70

Повеќето странски криминалци осудени во Велика Британија веднаш ќе бидат депортирани, наместо да отслужуваат 30 проценти од затворската казна како досега, предвидено е со новите планови на британската Влада, пренесуваат денеска медиумите.

Министерката за правда Шабана Махмуд ја предложи оваа измена на законот, која ќе ѝ даде на владата овластување да ги депортира повеќето странски затвореници веднаш штом ќе бидат осудени и префрлени во затвор, пренесува „Гардијан“.

Странските терористи, убијците и другите сериозни сторители на кои им е изречена неограничена казна, сепак, ќе продолжат да ја отслужуваат во Велика Британија пред да биде разгледана можноста за нивна депортација.

ИЗДВОЕНИ