сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Сè повеќе деца се мета на сексуални предатори на интернет, алармира ФБИ

Сè повеќе деца се мета на сексуални предатори на интернет, алармира ФБИ

77

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и Националната агенција за криминал на Велика Британија се алармирани од драматичното зголемување на бројот на случаи на уцена на деца и тинејџери кои се цел на сексуални предатори преку интернет, пишува денес „Гардијан“.

Компании како „Снепчет“ и „Фејсбук“ пријавиле повеќе од 9.600 вакви случаи во Велика Британија за само шест месеци минатата година, додека Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца на САД (NCMEC) минатата година добил 546.000 пријави од технолошки компании ширум светот во врска со сексуално вознемирување на деца преку интернет, што е зголемување од 192% во споредба со 2023 година.

Националната агенција за криминал на Велика Британија (NCA) започна невидена кампања во Велика Британија за да ги предупреди наставниците, родителите и децата за опасностите од изнуда, во која малолетни жртви се уценуваат да споделуваат експлицитни снимки преку интернет.

ИЗДВОЕНИ