На форумот беше нагласено дека биоотпадот претставува вреден ресурс што може да се искористи за производство на енергија и на компост. Наталија Бургиева и Аријан Тоска посочија дека Вардарскиот Регион има специфични карактеристики поради развиеното винарство, при што веќе се преземаат значителни количини комиње од биоцентралата во Градско. Експертите презентираа три можни сценарија за управување со биоотпадот. Според најреалното сценарио, отпадот од преработувачката индустрија и од земјоделството би го преземале постојните централи, додека биоотпадот од домаќинствата, институциите, маркетите, пазарите, рестораните и од хотелите постепено би се вклучувал преку пилот-проекти и би се компостирал на локално ниво

 

Биоотпадот треба да се третира како ресурс, а не како товар, беше заклучокот на регионалниот форум во Кавадарци посветен на одржливиот третман на биоотпадот.

Притоа, експертите оценија дека постојните капацитети во регионот може да го преземат најголемиот дел од биоотпадот доколку се воведе ефикасен систем за негово одвоено собирање.

Регионалниот форум е во рамките на проектот „Нула биоотпад: системски промени во партнерство со граѓаните“, поддржан од програмата „Цивика мобилитас“ на Владата на Швајцарија. Проектот го спроведува Зелениот институт, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми.

Модераторката Ана Петровска истакна дека пренасочувањето на биоотпадот од депониите носи повеќекратни придобивки – од намалување на загадувањето на воздухот и на подземните води до намалување на ризикот од пожари и придвижување кон концептот на општини со „нула отпад“.

На форумот беше нагласено дека биоотпадот претставува вреден ресурс што може да се искористи за производство на енергија и на компост. Наталија Бургиева и Аријан Тоска посочија дека Вардарскиот Регион има специфични карактеристики поради развиеното винарство, при што веќе се преземаат значителни количини комиње од биоцентралата во Градско.

Експертите презентираа три можни сценарија за управување со биоотпадот. Според најреалното сценарио, отпадот од преработувачката индустрија и од земјоделството би го преземале постојните централи, додека биоотпадот од домаќинствата, институциите, маркетите, пазарите, рестораните и од хотелите постепено би се вклучувал преку пилот-проекти и би се компостирал на локално ниво.

Како долгорочна можност беше претставена изградбата на нова биогасна централа во Велес, поврзана со идната пречистителна станица, додека третото сценарио предвидува да се разгледува ваквата инвестиција само по детална физибилити-студија.

Еден од главните заклучоци на форумот беше дека постојните две биоцентрали во регионот имаат капацитет да го преземат целиот биоотпад од индустријата и од сточарството, поради што засега нема потреба од нова и скапа инфраструктура.

Учесниците оценија дека клучен чекор е воведување одвоено собирање на биоотпадот од домаќинствата и од помалите генератори. Воедно, беше посочено дека е неопходно доследно спроведување на законските обврски, особено во делот на забраната за неконтролираното испуштање отпадни материи и нивно фрлање во природата.

На форумот беше потенцирано и дека одвоеното собирање на биоотпадот е законска обврска, поради што комуналните претпријатија и општините треба што поскоро да почнат со пилот-активности и со практична примена на системите за селекција и третман на овој вид отпад.

 

ИЗДВОЕНИ