вторник, август 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се утврдува фактичката состојба на старите моликови шуми

Се утврдува фактичката состојба на старите моликови шуми

26

Експерти, членови на работната група за зачувување на старата моликова шума, формирана со одлука на македонската Влада, на планината Баба, во националниот парк „Пелистер“, ја утврдуваа фактичката состојба, како и ефектите од досега спроведените мерки.

Од Националниот парк „Пелистер“, кои се иницијатори и организатори на активностите, информираа дека се динамизира и интензивира процесот со цел попрецизно дејствување и креирање на финалните заклучоци, кои треба да се испратат до Владата најдоцна до крајот на август оваа година.

– Претставниците на Шумарскиот факултет, Инспекторатот за шумарство, Инспекторатот за животна средина и вработените од НП „Пелистер“ се согласни дека е потребно да се направи континуирано следење на сите процеси во моликовите шуми, детално да се проучи и анализира фактичката состојба од аспект на обновувањето и на здравствената состојба со цел овозможување нејзин одржлив развој и да се изработат студија за заштита на моликовите шуми и студија за одгледување и обновување на моликовите шуми – истакна Иванчо Тошевски, директор на  НП „Пелистер“.

Паралелно, експертите работат на усогласување на потребните мерки со законската регулатива која ги опфаќа шумите и животната средина, соопштија од таа национална установа.

 

ИЗДВОЕНИ