„Би-би-си“ побара од американскиот суд да ја отфрли тужбата на американскиот претседател Доналд Трамп и барањето за отштета од 10 милијарди долари за уредување на неговиот говор од 2021 година во документарен филм од британскиот јавен сервис.
Во судските документи објавени денес, „Би-би-си“ соопшти дека повторниот избор на Трамп за претседател на САД покажува дека наводната клевета не му наштетила на неговиот углед, објави „Ројтерс“.
Трамп ја обвини „Би-би-си“ дека го клеветила со спојување и уредување делови од говор од 6 јануари 2021 година, за да изгледа како да им наредил на своите поддржувачи да го нападнат Капитол Хил во Вашингтон.












